Килијан Мбапе е се поблиску до заминување од Париз, особено поради неговите изјави.
Мбапе секојдневно фрла отровни стрели кон ПСЖ, а неговото однесување не му се допаѓа на поранешниот директор на тој клуб Леонардо.
„Кога ќе го погледнете неговото однесување во последните две години, јасно е дека тој сè уште не е способен да го води тимот. Тој е одличен играч, но не е лидер. Тој е одличен стрелец, но не е креативен. Многу е тешко да се изгради тим околу него“, изјави Бразилецот и заклучи:
„За негово добро и за доброто на ПСЖ, мислам дека дојде време тој да го напушти Париз. Не е важно ни каде оди, важно е само да оди. ПСЖ постоеше пред Мбапе, ќе постои и после него. Во ПСЖ е шест години, а има дури пет други клубови кои во тој период ја освоиле Лигата на шампионите“.
Во последните недели се почесто се споменува заминувањето на Мбапе во Реал Мадрид, а во трката за неговиот потпис според информациите од Англија се приклучиле Ливерпул и Арсенал.