More

    Од ЈСП тврдат дека причината за утрешниот штрајк на вработените е нелегитимна

    spot_img

    По објавата на Плусинфо за најавениот утрешен штрајк на вработените во ЈСП Скопје, реакција пристигна од Јавното претпријатие во кое се вели дека јавниот превоз во главниот град ќе се остварува редовно и без задршки.

    „Функционирањето на јавниот градски превоз ќе функционира редовно и без задршки. Апелираме до медиумите да бидат одговорни и да не шират лажни вести и паника кај граѓаните. Истовремено, сакаме да потенцираме дека причината за штрајк на новоформираниот синдикат, четврти по ред, е нелегитимна бидејќи од 1 јуни зголемена е платата на сите вработени во ЈСП. Апелираме, медиумите и синдикатите да не дозволуваат да бидат инструментализирани од политиканти и политички бандити“, пишува во соопштението од ЈСП Скопје.

    Инаку, како што најавија синдикалците, за утре е планиран штрајк на возачите и вработените во ЈСП Скопје поради неусогласеноста на минималната плата со Колективниот договор на ниво на работодавач, односно зголемување за 2.170 денари за вработените во претпријатието, како и поради кршење на правата од работен однос и безбедност и здравје при работа.

    Од Синдикатот за Пулсинфо споделија дека и претходно од нивна страна било испратено предупредување до раководството на Јавното претпријатие за нивните барања, но досега никој ги нема повикано на разговор, па поради тоа е донесена одлуката за штрајк, кој според нив законски најавен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img