Згасна животот на уште еден млад ракометар. Во својот дом ненадејно починал 19-годишниот Андреј Петрески.
Младиот ракометар десетина години го носеше дресот на новиот суперлигаш, РК Аеродром и беше на поширокиот список на кадетската репрезентација на Македонија за настапот на претстојното Светско првенство.
Во последните две години ова е втора ваква трагедија во најпопуларниот спорт во Македонија. На 3 јули 2021 година на 20-годишна возраст почина ракометарот на Бутел, Марко Божиновски.