More

    Хари Стајлс пукал во лице за време на настап во Виена

    spot_img

    Пејачот Хари Стајлс беше погоден со предмет во лицето додека настапуваше во Виена на 8 јули.

    На видеото споделено на интернет од концертот на стадионот Ернст Хапел се гледа како поп-ѕвездата оди на сцената пред некој предмет да одлета и да го удри во близина на окото.
    Откако бил погоден од предметот, пејачот можел да се види како се грче од болки пред да се наведне, држејќи го лицето во рацете.

    Миријам, обожавателка од Германија која беше на шоуто во Виена, рече дека пејачот бил погоден откако ја испеал Sign Of The Times, првата песна на бис.

    „Сè уште често го допираше неговото лице. Изгледаше дека има многу болки. Изгледа како да мораше да се собере, а потоа се врати кај публиката и продолжи со настапот“, рече таа.

    Хари Стајлс (29) минатиот месец беше погоден со букет цвеќе за време на концерт во Кардиф.

    Поп ѕвездата Бебе Реџа доживеала слична непријатност кога била удирана со мобилен телефон во лицето додека настапувала во Њујорк, а претходно за време на настапот била погодена и американската кантри пејачка Келси Балерини, јавува N1 Загреб.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img