Четири града беа во игра за домаќини на следниот избор за песна на Евровизија.
Шведската престолнина нема да биде домаќин на Евровизија во 2024 година, веќе е одлучено ова натпреварување да се одржи во Малме, пренесува N1.
Полуфиналните вечери ќе се одржат на 7 и 9 мај, а финалето на 11 мај следната година во Арената во Малме.
– Конечно беше избран Малме бидејќи ги исполни сите критериуми – изјави извршниот продуцент Еба Адиелсон за шведскиот јавен радиодифузен сервис SVT.
Шведската претставничка на овогодинешната Евровизија, пејачката Лорин повторно победи на ова натпреварување. Нејзината песна „Тетоважа“ доби најмногу поени.