More

    Мадона била оживеана со инјекција за предозирање од наркотици, со име „Наркан“, пред да биде хоспитализирана

    spot_img

    Изминативе денови актуелнa е здравствената состојба на поп-ѕвездата Мадона, која беше примена на интезивна нега, поради тешка бактериска инфекција.

    Сега, американските медиуми пренесуваат дека, наводно, Мадона била оживеана со инјекција за предозирање од наркотици, со име „Наркан“, пред да биде хоспитализирана, пишува „Пејџ сикс“.

    Според новиот извештај на „Радар Онлајн“(„Radar Online“), луѓето кои ја нашле пејачката во несвесна состојба, наводно ѝ ја дале инекцијата, за да ја вратат во живот.

    Иако лекот најчесто се користи во случај на предозирање со наркотици во итна ситуација, медиумите велат дека лекот бил користен за борба против септичен шок, а не поради предозираност. Не се најдени докази кои укажуваат на предозирање на поп-ѕвездата.

    Претставниците на Мадона, сè уште немаат одговорено на прашањата од американските медиуми.

    Да се потсетиме, Мадона беше пронајдена во својот дом во Њујорк, онесвестена и итно беше пренесена во болница. Таа завршила на интензивна нега каде била интубирана и сега е будна и закрепнува. Нејзината ќерка Лурд е постојано со неа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img