Австриската полиција од идната година ќе воведе драстични мерки за возачите кои возат пребрзо, кои вклучуваат одземање на нивните возила на лице место.
Австрискиот национален совет во Виена во средата го усвои предлогот на австриската министерка за транспорт, Леонора Гевеслер, според кој новите мерки ќе се применуваат од март 2024 година, пренесува магазинот Феникс.
Според споменатиот предлог, доколку на патот во Австрија возите 60 км/ч повеќе од дозволената брзина, или на автопат 70 км/ч повеќе од дозволената брзина, полицијата, меѓу другото, може да ви го одземе автомобилот за две недели.
„Ако го повторите прекршокот, полицијата може трајно да го одземе возилото. Во тој случај возилото оди на аукција, а 70 отсто од приходите од продажбата одат во фондот за безбедност на патиштата. Останатите 30 отсто одат кај локалните власти“, велат од Министерството за транспорт за измените на законот.
Доколку ограничувањето на брзината надмине 80 km/h во населено место или 90 km/h надвор од населено место, возилото веднаш се одзема и се продава на аукција, без разлика дали се работи за прв или повторен прекршок.
Целта на овие мерки е да се зголеми безбедноста на патиштата, велат од министерството.