Во Кратово вечерва и утревечер се одржува летната музичка манифестација „Златни денови Кратово 2023“ на која се очекува рекордна посетеност на гости, не само од Македонија туку и од целиот Балкан.
Првиот дел од програмата ќе биде исполнет со настапи на македонски фолк-ѕвезди Благица Павловска, Јордан Митев, Ленче и Горан Кукиќ, Елена Андоновска, Душко Георгиевски, Елена Јовческа, Оркестар Скопски Боеми, Браќа Нуне, како и Кратовски Тамбураши, Етно состав Мелем, Драган Темелков-Џони.
Втората вечер ќе настапат Ламбе Алабаковски, Нокаут, Суперхикс, дуото Некст Тајм и Рок бенд Д’фендерс, а потоа следува летна забава со Ди-џеј Ерик Фокс.
– Златни денови Кратово, почнувајќи од 2014 година, прерасна во една од најубавите културни манифестации во земјава, а една од главните причини за истото се секако гостите и посетителите, на овој настан, кои секогаш во голем број го посетуваат фестивалот сите овие години. Кратовчани се подготвени уште еднаш да ја покажат својата гостопримливост на љубителите на добра забава од сите генерации“ – велат организаторите на „Златни денови – Кратово“.