More

    Полицијата го уапси пироманот од Радовиш

    spot_img

    Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш вчера го лишиле од слобода Б.Ѓ.(57) од Радовиш. Тој се сомничи дека околу 5.40 часот подметнал пожар во станбена зграда лоцирана на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш, во кој биле опожарени влезни врати од осум станови, ходниците и една разводна табла за електрична енергија.

    Како што информира МВР, по интервенција на Територијалната противпожарна единица  пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршиле инспектор од Дирекција за заштита и спасување и екипа од ОВР Радовиш.

    „При лишувањето од слобода кај Б.Ѓ. биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело, што исто така биле и во неговиот дом. Тој бил задржан во полициска станица и бил извршен службен разговор при што го признал делото. За настанот е запознаен јавен обвинител и во текот на денот лицето ќе биде изведено пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица“, велат од МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img