More

    Адвокатот на Миле Јанакиески очекува позитивен одговор од Судот

    spot_img

    Нема законски пречки за спојување на притворите и засметување во казната за „Титаник“ кај Миле Јанакиески, уверува неговиот адвокат Миланов.

    – Дури и законските одредби на кои се повикуваме укажуваат на тоа дека, без оглед за кое кривично дело се работи, доколку има лишување од слобода за било кое кривично дело, судот треба да ги засмета. Никаде не е определено ниту дека од разни предмети може да се спојуваат, но исто така никаде не е забрането тоа да се чини. Ако се толкуваат законските одредби онака како што во нив е наведено, таква законска можност постои. Со тоа ќе се обратиме до судот, затоа што ако веќе има издржано четири години и шест месеци, точно до овој момент, што е за една година повеќе од она што е актуелно правосилна казна во овој момент, со вчера објавената пресуда, сметам дека има можност и основа да биде засметан дел од овие четири години и шест месеци во оваа казна. Доколку има друга казна во преостанатата година, или доколку постои понатаму притвор или куќен притвор, тој да биде засметан во други предмети доколку настапи некоја осуда – рече адвокатот Миланов.

    Тој посочи дека постојат разлики во записникот, па дури, посочи и дека во него не е наведено кој обвинет за кое дело признал вина.

    Од сите жалители во Апелација за предметот „Титаник“, само Миле Јанакиески доби затворска казна. Сите останати, добија ублажување во условни казни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img