Кејт Мидлтон го привлече вниманието кога пристигна на Вимблдон.
Принцезата од Велс пристигна во зелено палто, бело здолниште и салонки. Во кралската ложа на Централниот терен покрај принцезата од Велс беше легендарниот тенисер Роџер Федерер. Судејќи по фотографиите, тие биле добро расположени. Фотографите ги фатиле како разговараат и се смеат. Кејт блескала, а многумина коментирале дека одамна не ја виделе принцезата во вака опуштено и насмеано издание.
Додека сопругата на Федерер, Мирка, внимателно ја следела акцијата на теренот, Кејт разговарала со својот долгогодишен пријател Роџер, кој минатата година се пензионираше како еден од најбогатите спортисти на сите времиња.
Инаку, Федерер вчера на Вимблдон доби навистина прекрасен пречек. Тој доби овации достојни за шампион и еден од најголемите досега. Сите на трибините станаа во негова чест.
Интересно е што принцезата го прекрши строгиот кралски протокол токму поради Роџер кога го бакна во образ во 2017 година во знак на честитки за освојувањето на турнирот.