Ѕвездата од „Династија“ и „Мелроуз плејс“, Хедер Локлир (61), беше една од најубавите актерка во Холивуд. Сепак, последните неколку години таа изгледа непрепознатливо поради бројните естетски зафати, а и повеќепати се лекуваше од зависности.
Вчера осамнаа снимки од Локлир, на кои е снимена на работ на една од зградите во Малибу, Калифорнија. Некогаш најубавата актерка во Холивуд е видена како чудно се однесува низ улиците, а „Дејли мејл“ пренесе дека се качила на зградата по состанокот со свршеникот и поранешен тркач на мотори Крис Хајзер.
По еден час таа излегла од зградата и одела по работ на деловната зграда со апостолки, држејќи се за столбовите.
Потоа, Хедер седнала на скалите и почнала да зборува сама со себе, правејќи чудни гестови.
Локлир, која била облечена во војнички тренирки и маичка, извесно време седела и читала од нејзиниот нотес, зборувајќи си сама со себе.
На видеото се гледа како актерката изгледа збунето и налутено покажува кон нешто напишано во нотесот и анимирано гестикулира пред цврсто да го турне назад во својата чанта.
За потсетување, актерката долг период имаше и проблеми со алкохолот и одењето на рехабилитација. За целиот тој период Крис и ќерка ѝ Ава и беа најголемите поддржувачи во борбата со зависноста.
Имаше проблеми и со насилство предизвикано од алкохол, а во 2018 година се степа со Крис, па што интервенираше и полицијата. Им се закануваше и на полицајците дека ќе ги нападне со оружјето што го чува во куќата, но брзо било утврдено дека истто го нема.
Ја нападна и мајка си додека била во пијана состојба, а возела и под дејство на алкохол, поради што била приведена. Освен алкохол, некои се сомневаат дека користела и дрога.
Најпозната е по улогата на Семи Џо Карингтон во сапунската опера „Династија“, која се емитуваше во 80-тите.
ФОТО: Инстаграм