More

    Бесими: Граѓанската обврзница иновативен, безризичен и транспарентен производ, со поволни приноси за граѓаните

    spot_img

    Граѓанската обврзница е иновативен производ на домашниот финансиски пазар, наменет пред се за граѓаните и е во нивен интерес. Тој е транспарентен и нуди можност на граѓаните во овој период, кога имаме висока инфлација,  да инвестираат во безризична инвестиција со прилично добри приноси.

    Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во Тема на денот, на ТВ Сител во која потенцира дека постапката за купување на обврзниците е едноставна и граѓаните може да ја направат во сите деловни банки со средства кои ги имаат на сметките или со готовина.

    „Станува збор за иновативен производ на нашиот финансиски пазар, наменет пред се за граѓаните и е во нивен интерес. Прво во време на релативно висока инфлација ја штити вредноста на парите, во смисла на тоа што ќе носи поволни приноси. Безиризична инвестиција, бидејќи ќе може да го прошират инвестициското портфолио освен во депозити во банка и акции,  и во државни обврзници и да тргуваат со нив, зависно од потребите на секундарен пазар, односно на Берзата или преку шалтерите на банките. Тоа ќе биде една можност за граѓаните да се внесат на одреден начин во разојот на финансиските пазари, бидејќи ќе можат да купуваат покрај со своите средства во банка и со готовина што ќе придонесе кон намалување на сивата економија. Односно она што се заштеди надвор од системот ќе влезат во банкарскиот систем и ќе го поттикнат развојот. Граѓаните, исто така ќе бидат и дел од развојните проекти на државата, односно ќе партиципираат во финасирањето на развојните проекти“, рече министерот и додаде дека во граѓанската обврзница може да инвестираат сите граѓани, кои се државјани на РС Македонија, а тоа значи и нашите граѓани од дијаспората.

    Потенцира дека постапката за купување е многу едноставна и дека се врши преку шалтерите во банките, како и за сите други услуги што се нудат. Во процесот се вклучени сите банки, а граѓаните може да се обратат во период од 9 до 14 часот, до 12 јули, бидејќи на 13 јули ќе се одржи аукцијата, по што за неколку дена ќе се изврши регистрирањето во Депозитарот на хартии од вредност.

    Министерот наведе дека за своите купени обврзници, граѓаните ќе добијат камата од 5 % годишно, која ќе биде исплатена на 20 јули 2024 за првата година и на 20 јули 2025 година за втората година, по што ќе им биде вратен и целиот инвестиран износ. Односно, на крајот ги добиваат инвестираните пари и остварениот принос од камата.

    Ова е прва емисија, која е издадена на вредност од 600 милиони денари, но, како што најави министерот, ќе бидат запишани обврзници на целиот износ за кој ќе има интерес. Граѓанската обврзница како инструмент ќе се нуди на пазарот во континуитет и граѓаните може да сметаат дека и во иднина ќе може да инвестираат во него.

    Според министерот тие нема да имаат влијание врз депозитите што граѓаните ги чуваат во банките и дека станува збор за транспарентен процес. „За купувањето на граѓанската обврзница ќе се применуваат сите прописи и процедура за контрола што веќе ги имаат банките и нема нови поволности за овој инструмент од она што се стандарди за спречување перење пари“, истакна министерот, потенцирајќи дека овој инструмент е имун на политички изјави и дека тој е во интерес на граѓаните.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img