Денеска времето ќе бид епроменливо облачно, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и со појава на град. УВ индексот ќе биде 7.
Температурата ќе достигне до 33-от степен.
Во Скопје денеска ќе биде променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и со појава на град.