Челси до завршување на оваа сезона нема да може да продава билети за домашните натпревари во Премиер лигата, објави официјалниот сајт на лондонскиот клуб.
Само сопствениците на сезонски билети ќе можат да присуствуваат на средбите на „Стемфорд Бриџ“ во Премиер лигата.
Воедно билети за двата меча од четвртфиналето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, за полуфиналето од ФА Купот против Кристал Палас ќе бидат достапни за купување.
Да потсетиме дека рестрикциите за Челси беа воведени од британските власти поради санкциите против сопственикот на клубот Роман Абрамович.