More

    Канје Вест и неговата сопруга предизвикаа метеж во Токио

    spot_img

    Екстравагантниот рапер Канје Вест ја изненади јавноста кога ненадејно се ожени со Бјанка Ценсори. Иако плачеше по поранешната сопруга Ким Кардашијан, тој брзо најде утеха во заносната дизајнерка вработенаа во неговата компанија „Јези“.

    Новата љубов на познатиот музичар е дипломирана архитектка, а многумина шпекулираат дека е иста Ким Кардашијан. Меѓутоа, изгледа Бјанка, за разлика од Ким, успеа да го заузда дивиот музичар, кој е познат по своите испади во јавноста и неговиот специфичен однос кон жените.

    Според професионален читач на говорот на телото, токму Бјанка е таа која го води главниот збор во нивниот брак.

    Додека биле во Токио, 46-годишниот Канје и 18 години помладата Бјанка биле видени како талкаат по улиците откако наводно купиле „играчки за возрасни“.

    Папараците ги „уловиле“ како ги разгледуваат производите во продавница за сексуални играчки, а Бјанка посебно го привлекла вниманието со својот необичен (поточно шокантен) стајлинг.

    Додека нејзиниот сопруг Канје бил во препознатливо црно издание, без чевли и само во неговите препознатливи чорапи на нозете, Бјанка се одлучила за многу смел изглед.

    Бјанка носела само боди во беж боја, кое не го ни закопчало, проѕирни хулахопки, црна долна облека и сребрени потпетици.

    ТМЗ известува дека очевидец им рекол дека „Канје и Бјанка разгледувале низ делот за играчки за возрасни“ додека пазареле, иако „не било јасно дали купиле нешто“.

    Гледајќи ги фотографиите, Инбал Хонигман, експерт за говор на телото на познатите личности, истакнува дека Канје и Бјанка изгледаат многу вљубени, но дека Бјанка е таа што ја контролира врската.

    – Канје и неговата сопруга одат во изедначен ритам, нивните стапала во исто време удираат на земја, што значи дека нивните цели во животот се усогласени, двајцата ја ценат својата врска, својот однос и еден со друг. На секоја од фотографиите Бјанка изгледа како да гледа горе, што покажува самодоверба, додека Канје гледа надолу, што покажува понизност. Во динамиката на оваа врска, дамата е лидер.

    Дури и продавачот рекол дека таа цело време гледала над неговата глава, давајќи му до знаење дека таа е шефицата.

    Да потсетиме, парот се венча само два месеци откако Канје го финализираше разводот со поранешната сопруга Ким Кардашијан, но извори велат дека тој и Бјанка не поднеле барање за издавање венчален лист.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img