More

    Тајните служби наредиле евакуација во резиденцијата на Бајден

    spot_img

    Американската тајна служба истражува сомнителна бела супстанца која во неделата вечерта предизвика кратка евакуација oткако била пронајдена во Белата куќа.

    Службеник запознаен со истрагата тврди дека прелиминарното тестирање покажало дека белиот прав всушност бил кокаин.

    Портпаролот на Тајната служба, Ентони Гуглиелми, потврди дека супстанцата е подложена на дополнително тестирање за да се утврди што е, а властите истражуваат како се нашла во Белата куќа.

    Тој посочи дека противпожарната служба потврдила дека супстанцата не претставува закана и додаде дека откритието поттикнало зголемено безбедносно предупредување и кратка евакуација.

    Гуглелми тврди дека американскиот претседател Џо Бајден во тоа време не бил во Белата куќа. Тој одби да каже конкретно каде во Белата куќа е пронајдена супстанцата или како е спакувана, пишува „Вашингтон пост“.

    Тој изјави дека супстанцата ја пронашле униформирани членови на Тајната служба кои вршеле рутински обиколки низ зградата.

    Вито Маџоло, портпарол на противпожарната и итната служба, само рече дека службите „ѝ пружиле поддршка на американската тајна служба во спроведувањето на истрагата“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img