More

    Премиерот Ковачевски со честитка за Денот на независноста на САД: САД се наш стратешки партнер чија поддршка е исклучително ценета

    spot_img

    Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните на САД, по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави.

    Во честитката премиерот Ковачевски истакна дека САД се нашите стратешки партнери чија што поддршка е од исклучително значење за напредокот на нашата држава.

    Во продолжение е интегралната честитка на премиерот:

    „Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер, чија поддршка во сите предизвици од независноста до денес, вклучувајќи ја и недвосмислената поддршка за процесот на евроинтеграции на Република Северна Македонија, исклучително ја цениме.

    Заедничката посветеност на демократијата, на слободата, еднаквоста, почитувањето на човековите права, на градењето силни демократски општества е основата на која нашето пријателство и партнерство ќе продолжат да се развиваат и зајакнуваат и на политички и економски план, но и обединети на вистинската страна како сојузници во НАТО“, се вели во честитката од премиерот Ковачевски.

    Придонесот на САД е огромен во делот на интензивирање на реформскиот процес за натамошна демократизација на нашето општество, владеење на правото, борба со корупција и криминал, што е значајно охрабрување во процесот на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img