More

    Кит и Роуз добија ќерка

    spot_img

    Ѕвездите на хит серијата „Игра на престолот“ (Game of Thrones), Кит Харингтон (36) и Роуз Лесли (36) го добија своето второ дете, потврди близок извор за „Пејџ сикс“.

    – Воодушевени се што можат да посакаат добредојде на своето девојче – рекол извор близок до парот.

    Кит и Роуз се венчаа во Шкотска во 2018 година, а веќе имаат двегодишен син, чие име не го открија.

    Парот се запозна на снимањето на популарната серија, во која Кит се прослави во улогата на Џон Сноу. Роуз ја глумеше неговата прва љубов Игрит. Врската ја потврдија во 2016 година, иако се шпекулираше дека се заедно некое време.

    Актерот една година по раѓањето на синот беше на рехабилитација од алкохол и дрога, а откри дека тоа била добра одлука за него.

    – Се чувствував како да нема излез – призна во шоуто со Џими Фалон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img