Српскиот моден креатор Дарко Костиќ денеска е примен во Ургентниот центар во Белград, пишува „Мондо.рс“. Како што пренесува српски „Курир“, модниот креатор пристигнал во болница целиот крвав и со повреди на главата, додека постојано се жалел на болки.
Како што понатаму наведува споменатиот медиум, до жестоката тепачка наводно дошло при расправија со пријател, кога тој го удрил и му задал повреди на главата. Се наведува дека станува збор за исекотина над десното уво.
Расправијата се случила во станот на модниот дизајнер, а по кавгата Дарко пристигнал во болница за да ги направи сите потребни и детални анализи.
Инаку, ова не е првпат Костиќ да се најде во епицентарот на скандал. Тој беше уапсен на 21 април минатата година, поради сомнение дека по забава во неговиот изнајмен стан, 19-годишно момче врзал и заклучил во оставата. На сослушувањето во Првото основно јавно обвинителство детално, како што тогаш пишуваше „Курир“, ја изнел својата одбрана и изјавил дека не се точни обвинувањата кои против него ги изнело момчето.
ФОТО: Јутјуб/TV Happy