Се смета дека треба да пиете вода секогаш кога ќе почувствувате жед за да спречите дехидрација, но пиењето вода после одредена храна може да доведе до дигестивни проблеми.
Водата е неопходна за правилно извршување на сите телесни функции. Сепак, пиењето вода после одредена храна, како што е лубеницата, може да доведе до дигестивни проблеми.
Можеби веќе сте слушнале дека не се препорачува да се пие вода веднаш по јадење лубеница, но сега дознајте зошто.
Ефектот на вашиот гастроинтестинален тракт
Пиењето вода после јадење лубеница може да влијае на вашиот гастроинтестинален тракт. Лубеницата главно се состои од вода, шеќер и растителни влакна. На микробите или бактериите им треба вода и шеќер за да растат и да се шират, велат здравствените експерти. Ако пиете вода после јадење лубеница, има поголеми шанси микробите да се рашират низ вашиот дигестивен тракт, пренесува Indiatimes.
Кога можете да пиете вода откако ќе јадете лубеница?
Иако не постои вистински научен доказ, подобро е да избегнувате вода некое време откако ќе јадете лубеница. Здравствените експерти препорачуваат дека водата треба да се консумира приближно еден час по консумирањето на овошјето, особено оние со висока содржина на вода, како што се лубеницата, дињата, портокалот, јагодата, но и краставиците. Пиењето вода веднаш по овошјето, како лубеницата, може да го наруши нивото на pH на вашиот дигестивен систем.
Ефект на дигестивниот систем
Конзумирањето премногу течности после јадење лубеница може да доведе до дијареа, надуеност или повраќање. Најдобро е да избегнувате вода веднаш по овошен оброк за да ги спречите овие состојби.
Знаци на слаб дигестивен систем
Важно е да се напомене дека пиењето вода после јадење лубеница можеби нема да им пречи на сите. Ако се разболите, тоа сепак може да биде знак дека имате слаб дигестивен систем.