Почина Леандро Де Ниро Родригез, внукот на Роберт Де Ниро, а веста ја споделија неговата мајка и ќерката на холивудскиот актер Дрен Де Ниро.
51-годишната актерка на Инстаграм ја сподели трагичната вест за смртта на нејзиниот 19-годишен син.
„Мојот прекрасен сладок ангел. Те сакав неописливо од моментот кога те почувствував во стомакот. Ти беше мојата радост, моето срце и се што беше чисто и реално во мојот живот. Посакувам да бев со тебе сега“, напиша таа.
„Не знам како да живеам без тебе, но ќе се обидам да продолжам и да ја ширам љубовта и светлината што ми ги даде да ги почувствувам кога станав твоја мајка. Беше длабоко сакан и негуван и посакувам љубовта да те спаси. Многу ми е жал, дете мое. Почивај во мир и вечен рај, мило мое момче“, стои во емотивната објава.
Таткото на Леандро, уметникот Карлос Маре, објави затемнета слика на својата страница на Инстаграм, но не коментираше јавно.
Леандро беше актер како мајка му и дедо му. Неговата најпозната улога беше во филмот Zvijezda je zona, во кој глуми заедно со неговата мајка Дрена.
Дрена е најстарата од седумте деца на Роберт Де Ниро. Нејзината мајка е Дијана Абот, првата сопруга на Де Ниро. Да потсетиме дека во мај Де Ниро доби ќерка со својата девојка Тифани Чен. Ова е прво заедничко дете на парот, а на Де Ниро седмо.
Како што пренесува Индекс, се уште не се познати деталите за смртта.