Челниците на турскиот гигант сакаат да ја доведат бразилската ѕвезда во своите редови.
Нејмар би можел да го напушти ПСЖ, а за него сериозно е заинтересиран турскиот гигант Галатасарај. Турските медиуми тврдат дека првата средба меѓу претставниците на Галатасарај и Нејмар веќе била одржана. Тврдат и дека веднаш стапиле во контакт со челниците на Галатасарај за коментар за се, а се што добиле е „насмевка“.
Од 2017 година, по трансферот од Барселона во ПСЖ од 222 милиони евра, Нејмар одигра 173 натпревари за ПСЖ со постигнати 118 гола и 77 асистенции.
Турците пишуваат и дека Галата нема да застане на доведување на Бразилецот, туку сака да донесе и други големи ѕвезди.