Реакција од Косово на изјавата на српскиот претседател

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шефот на кабинетот на претседателката на Косово, Вјоса Османи, Блерим Веља изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ е единствениот државен лидер во регионот кој им се заканува со војна на соседите, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според Веља, светот треба да го санкционира Вучиќ, исто како што тоа го стори со рускиот претседател Владимир Путин поради неговата агресија врз Украина.

– Исто како и Путин, Вучиќ е единствениот претседател на држава во нашиот регион кој им се заканува со воени дејствија на своите соседи. Како и Путин, тој треба да се санкционира заради загрозувањето на мирот и стабилноста во регионот – напиша Веља на својот Твитер.

Повод за рекцијата на шефот на кабинетот на Османи беше изјавата на српскиот претседател дека на Албанците „нема да им оди така лесно“ ако се обидат да преземат некоја акција во северно Косово, при што ја спомена операцијата „Бура“ на хрватската војска против српските сили во војната во Хрватска во август 1995.

– Немам дилеми дека Албанците би сакале да извршат „Бура“ во северно Косово, но нема да им оди така лесно, изјви Вучиќ за српската „ТВ Хепи“

Share This Article