20-годишно момче од Белград е тешко повредено откако 22-годишиот А.П. го избодел со нож во вратот, пишуваат српските медиуми.
Српската полиција за кратко време успеала да го уапси осомничениот.
– Полицијата и Брзата помош го затекнаа тешко повредениот М.Н. пред угостителскиот објект „Џо“. Тој беше повреден во пределот на вратот, а повредата е опасна по живот. Пренесен е во Ургентен центар – изјавиле извори од полицијата за порталот Блиц.
Според медиумите, пред кафеаната се случила тепачка, а А.П. веднаш бил приведен во полициската станица во Земун.
– Истрагата е во тек, се утврдуваат сите околности. За случајот е известено и Јавното обвинителство – истакнале полициски извори за медиумите.