Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека не може тој да каже дали градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко треба да поднесе оставка, бидејќи тој не го гласал.
– Мислам дека Мерко треба сам да донесе одлука по однос на неговиот однос со граѓаните коишто го избрале. Да сум јас гласач во Струга, да беше тоа градоначалник од Чаир, ќе кажев мое мислење. Меѓутоа јас не сум го гласал, ниту живеам во Струга, и мислам дека тоа е прашање на односот помеѓу градоначалникот и граѓаните коишто го избрале. Во однос на партиските функции, државните функции апсолутно сме недвосмислени во тој дел – рече Османи.
Тој додаде дека ДУИ го кажале нивниот став оти бараат сеопфатна домашна и меѓунардна истрага и активирање на сите можни механизми, како и дека се замрзнуваат сите позиции во партијата.