42-годишен жител на Кавадарци вчеравечер пријавил во полиција дека истиот ден, рано утрото, во хотелски комплекс во Калитеа, на Халкидики во Грција, неговиот малолетен син бил нападнат од негов сограѓанин, соопшти МВР.
„На 29.06.2023 во 20.30 часот во Полициската станица Кавадарци С.К.(42) од Кавадарци пријавил дека околу 03.30 часот во двор на хотелски комплекс во Калитеа во Р. Грција неговиот малолетен син бил физички нападнат од С.П.(54) од Кавадарци“, соопшти полицијата.