Милошоски вели да не ги сфаќаме изјавите на Шолц здраво за готово

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, бара да се биде внимателен кога германскиот канцелар Олаф Шолц вели дека Бугарите во македонскиот Устав е последниот услов што земјава треба да го исполни за да ги продолжи пристапните преговори со ЕУ.

„За да се процени кредибилноста на изјавата на германскиот канцелар Шолц, дека ‘нема да има нови услови од Бугарија’, освен нивното наметнато барање за измена на Уставот, корисно е да се потсетиме на изјавите на претходната канцеларка Меркел од 2018 и 2020 година, кога исто така од владата во Берлин беа дадени сериозни ветувања за интеграцијата во ЕУ, од кои до денес ниту едно не е исполнето, и покрај болните и изнудени измени на Уставот на Република Македонија“, се наведува во статусот на Милошоски.

Претходно и неговиот партиски колега Драган Ковачки рече дека Шолц не гарантирал дека нема да има нови бугарски услови, туку неговата изјава погрешно е сфатена.

– Ве повикуваме уште еднаш да го погледнете преводот на изјавата, цениме дека е направена грешка во преводот, намерна или не намерна од службите. Изјавата на канцеларот Шолц е дека не треба да има нови условувања, што секако е и наш партиски став, меѓутоа тоа не се гаранции дека нема да има нови условувања – рече Ковачки.

Share This Article