Иако летово голем број на фудбалери од Европа прифатија профитабилни понуди од Саудиска Арабија, искусниот Џејми Варди е еден од оние кои не го привлекуваат арапските пари.
Како што пренесува „Скај спорт“, напаѓачот на Лестер ја одбил понудата од тимот на Калеј, бидејќи се вели дека животот во оваа земја не му одговара нему и на неговото семејство.
Варди има уште една година од договорот со Лестер, а допрва треба да одлучи за својата иднина.
Да потсетиме, клубот кој пред седум години беше шампион на Англија, годинава испадна во Чемпионшип.
Варди е во Лестер од 2012 година, а за клубот има постигнато вкупно 170 голови.