More

    Волстрит Журнал открива што имало во леталото кое ги изненади САД во јануари

    spot_img

    „Волстрит Журнал“ повикувајќи се на прелиминарните резултати од истрагата објави дека кинескиот шпионски балон што прелета над САД на почетокот на годината користел американска технологија за собирање аудио-визуелни информации.

    „Анализата на неколку американски одбранбени и разузнавачки агенции покажа дека балонот носел комерцијално достапна американска опрема, заедно со специјализирани кинески сензори и друга опрема за собирање фотографии, видеа и други информации што ги пренесувал во Кина“, наведува „Волстрит Журнал“.

    Весникот истакнува дека се потврдува заклучокот дека леталото било шпионско, а не за метеоролошки цели, како што тврди Кина.

    „Сепак, се чини дека балонот не испратил податоци до Кина за време на осумдневниот прелет на Алјаска, Канада и некои други земји“, истакнува „Волстрит Журнал“.

    Во февруари, САД соборија балон кој леташе над чувствителни воени објекти, што предизвика дипломатска криза.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img