Девојчето со крофните, 11-годишната Нина Нинковиќ од Нови Сад успеа во својата хумана акција да собере пари за лекување на нејзиниот татко. За само еден ден собрани се 1,5 милион динари од продажбата на крофните и таткото на Нина може да оди на преглед во Москва.
Движењето „Крени-Промени“, кое вчера организираше продажба на крофни за Нина на плоштадот во Нови Сад, објави дека е направен првиот чекор во лекувањето на таткото на Нина.
– Само од вчерашната акција што ја организиравме на плоштадот во Нови Сад, беа собрани 1,5 милиони динари (без СМС и семејната сметка), што е доволно таткото на Нина да замине во Москва на преглед. Дури по прегледите во Москва ќе може да се утврди точната сума потребна за целосно лекување. Акцијата за собирање пари за лекување ќе продолжи, а за сите понатамошни активности ќе бидете информирани преку Инстаграм профилот на семејството Нинковиќ кој ќе биде отворен денеска“, соопштија од движењето Крени-Промени, пренесува Нова.рс
Иако првиот ден продала само седум крофни, малата Нина не се откажала од намерата да му помогне на својот болен татко.
– Нина Нинковиќ продаваше крофни заедно со нејзината мајка за лекување на болниот татко. Нина првиот ден продала само седум крофни, но не се откажала. Нејзината љубов, вера и упорност наредниот ден успеаја да извлечат стотици луѓе кои трпеливо чекаат во редици, додаваат од движењето Крени-Промени.
Хуманата акција на малото девојче од Нови Сад ги обедини не само нејзините сограѓани туку и луѓето од цлеиот регион. Од
– Договоривме да не контактираат луѓе кои ќе прават крофни, кои ги подигнавме и потоа ги однесовме до плоштадорт, каде се формираше километарска колона од наши сограѓани. За правење крофни не се пријавија само луѓе од Нови Сад, туку од цела Србија. Од Лесковац, Ниш, Ловќенац, Суботица, Турија и други места низ Србија. Доаѓаа баби со автобус од други места со крофни. Ни се јави еден човек од Босна со зборовите „јаране, направив крофни и доаѓам за Нови Сад“. Оваа приказна не обедини сите и покажа дека има моќ во луѓето, изјави Стеван Бабиќ од Тим Крени – Промени Нови Сад.
Министерството за здравство на Србија му понуди Помош на семејството на малата Нина, за лекување на нејзиниот татко Зоран Нинковиќ понудиле и од српското Министерството за здравство.
Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, тие стапиле во контакт со сопругата на Зоран Нинковиќ, понудиле секаква помош, но таа ги известила дека е одлука на семејството, на нејзиниот сопруг да му бидат извршени прегледи во Москва во установа по сопствен избор, за што е собрана потребната сума и дека семејството потоа ќе го објави името на институцијата и резултатите од испитувањето од Москва преку социјалните мрежи.