More

    Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ ја открива блискоста на обвинителот Абази со семејството Ахмети

    spot_img

    Драган Ковачки, член на ИК и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, денеска објави фотографија на која, како што тврди, во опуштена, семејна атмосфера, се фотографирани братот на Али Ахмети и татко на Дрин Ахмети во друштво со Ислам Абази, шеф на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.

    „Имајќи ја предвид оваа фотографија која е направена во домашна опуштена атмосфера, може да се заклучи поврзаноста и блискоста на Ислам Абази со кланот Ахмети, и сосема е јасно зошто ЈО со денови молчи и не смее да отвори постапка како тоа внукот на Али, Дрин Ахмети, се стекнал со 39% од деловниот центар Соравиа без да плати ниту денар.

    Соопштението со кое ЈО ги повикува институциите да отпочнат постапка е смешно и трагично истовремно, а уште е потрагично тоа што обвинителството потенцира дека отвора предмети по допрен глас кога има сериозен сомнеж за криминал. Па што е поочигледно од тоа внукот на Али Ахмети, политичар од кого зависи владата, да добие 39% од деловен објект вреден 30 милиони евра?

    Дрин Ахмети, внук на политичарот Али Ахмети, буквално без да вложи денар, добива 12 милиони евра учество во деловна зграда. Дали тоа е нормална појава и пракса од секојдневниот живот, па за ЈО тоа воопшто не е сомнително? Или пак причината е тоа што братот на Ахмети, како што гледаме и на оваа фотографија, буквално му седи на глава на обвинителот Ислам Абази?

    Кланот Ахмети е соголен пред целата Македонска јавност. Народот виде дека, додека Али е политичар, како неговото семејство се стекна со имот вреден десетици милиони евра.

    И да не покрене истрага ЈО, во што по оваа фотографија на Ахмети кој седи на главата на Абази се сомневаме, на народот му е кристално јасно дека ДУИ и СДС треба да си заминат час поскоро. А тогаш ќе има одговорност, како за криминалците од ДУИ и СДС, така и за обвинителите кои што ги штителе“- рече пратеникот Ковачки.

    Инаку, од Финансиската полиција денеска за Телма изјавиле дека „ги земаат предвид сите објавени информации“ и вршат нивна анализа, во согласно со законот и наскоро ќе поднесат писмен поднесок до надлежните обвинителства.

    Од финансиско разузнавање, пак, за истата телевизија кратко одговориле дека трансакциите кои се поврзани со купувањето на ТЦ „Соравија“ со кредитна линија од Крединс банката од Албанија не се регистрирани во државата ниту пак има некакво известување од странските финансиски разузнавачки агенции за сомнителен трансфер поврзан со оваа трансакција. Тоа значи дека со сигурност не поминала низ македонските банки. Обвинителството, пак, вели дека чека извештаи од сите надлежни за да одлучи за отварање на предмет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img