More

    Аналитичарите објаснуваат што го сопре Путин да го ликвидира шефот на „Вагнер“

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин веројатно сфатил дека не може да го елиминира основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, без истовремено да го направи маченик. Вака проба да ја објасни причината зошто Путин не го ликвидирал Пригожин американскиот тинк-тенк за безбедност и одбрана Институт за различни студии (ИСВ).

    „Кремљ мора да се погрижи овие групи да ги изгубат сите илузии за Пригожин на начин што ефективно ќе го лиши од поширока поддршка во Русија“, велат ИСВ во најновиот извештај.

    Иако бунтот на Вагнер резултираше со смрт на руските пилоти кои го нападнаа конвојот на Вагнер додека се движеше кон Москва, ИСВ наведува дека Пригожин „сè уште ужива одредена поддршка“ кај руската јавност, како и кај редовната армија.

    „Кремљ веројатно ќе го нападне и ќе го оцрни Пригожин во јавноста со цел да ја скрши јавната поддршка за шефот на Вагнер, но и да ги обесхрабри Вагнеровците кои сакаат да го следат во Белорусија и да ја уништат неговата финансиска моќ“, се наведува во извештајот на Институтот за воени студии.

    Она што е интересено е дека извештајот сугерира дека по ваквиот неуспешен обид за пуч, Путин „кој е внимателен“ веројатно нема да ја објави најавената нова и непопуларна мобилизација, „за да не ги влоши работите“ во руското општество.

    Во меѓувреме, сѐ погласни се шпекулациите дека ерата на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу завршува, односно дека тој ќе биде сменет од страна на Путин, а по бројните критики на Пригожин кој месеци претходно пишуваше дека треба да има смена бидејќи, наводно, Шојгу ги запоставил руските трупи во Украина.

    Во текот на денешниот ден проструија и непроверените информации дека исчезнал генералот Армагедон, Сергеј Суровикин, за кој се сметаше дека знаел за бунтот на Пригожин и дека е негов таен поддржувач. Но, ваквите шпекулации не се потврдени од релевантни извори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img