More

    Анчелоти и Евертон „спогодбено“ го решија судскиот спор

    spot_img

    Англиските медиуми пренесуваат дека тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го решил правниот спор со неговиот поранешен клуб Евертон.

    Како што претходно објавија медиумите, италијанскиот експерт на 9 јуни поднел тужба до Високиот суд во Лондон. Барањето се однесувало на „општи трговски договори и аранжмани“ и морало да се разгледа пред трговскиот суд.

    Адвокатската фирма што го застапуваше Анчелоти изјави дека двете страни „постигнале пријателско решение на спорот“.

    „Карло има постојана почит и длабока наклонетост кон навивачите на Евертон и им посакува се најдобро на нив и на клубот во иднина“, се вели во изјавата на адвокатот, пренесе Би-би-си.

    Карло Анчелоти беше менаџер на Евертон од декември 2019 до јуни 2021 година.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img