ДНК и Лозано – звучи како одлична комбинација за заеднички концерт. Епа, токму тоа и ќе се случи на 8 јули во Гевгелија, поточно во дискотеката „Де Факто“.
После подолго време, гевгеличани и луѓето од околните градови ќе имаат прилика во живо да ги слушнат и видат едни од најбараните музички имиња во нашата земја во последните неколку години.
Со други зборови Гевгелија ќе „гори“ на 8 јули од многубројните хитови на Лозано и ДНК. Тие ветуваат одлична забава и ноќ за паметење.
– Драги наши, по подолго време и на наше огромно задоволство на 8 јули (сабота) во вашиот омилен клуб „Де Факто“ ќе одржиме заеднички концерт (Лозано и ДНК) пред гевгелиската публика која ќе има можност да ги слушнете сите наши познати рефрени низ три часовен концерт – пишува во заедничката порака на Лозано и ДНК.
Влезниците ќе бидат во строго ограничен број, а првите 300 „early birds“ влезници ќе бидат пуштени во претпродажба по цена од 300 денари и ќе може да се набават исклучиво на касата на клубот од четврток до сабота. Потоа цената ќе изнесува 400 денари и доколку останат на врата ќе бидат остане истата цена.
– Затоа подгответе се на 8 јули на „Полна месечина“ ве чекаме да се гушнеме „Јако Јако“ и да се направиме „Авиони“, да испишеме уште неколку „Километри“ па „Што сака нека биде“… – стои во нивната зеадничка објава.
Инаку концертот ќе го отвори младиот диџеј – Милан Петков, кој е миленик на публиката во Гевгелија.
Инаку после Гевгелија, ќе следи најмалку уште еден ваков заеднички концерт, а локацијата ќе биде објавена наскоро.