More

    СЗО: Околу 36 милиони Европејци страдаат од „долг ковид“

    spot_img

    Речиси 36 милиони луѓе во европскиот регион, од почетокот на пандемијата на Ковид-19, според европскиот огранок на Светската здравствена организација, можеби развиле долгорочни здравствени последици откако биле заразени со коронавирус.

    Во просек, тоа значи дека во последните три години приближно еден од триесет Европејци почувствувал или сè уште има такви последици, рече регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, на конференцијата одржана во вторник во Копенхаген. Тој посочи дека треба да се направи многу повеќе за подобро да се разбере таканаречениот долг ковид.

    „Долгиот ковид останува сложена здравствена состојба за која сè уште знаеме многу малку“, рече Клуге, додавајќи дека без развој на сеопфатна дијагностика и форми на лекување, општеството никогаш нема вистински да закрепне од пандемијата.

    СЗО во европскиот регион опфаќа вкупно 53 земји. Покрај членките на ЕУ, таа вклучува и земји источно од Европската унија, сè до Централна Азија.

    Долг ковид е термин кој се користи за опишување на симптоми кои се развиваат и перзистираат по акутната фаза на болеста (која трае четири недели) или повторно се појавуваат по одредено време.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img