Сакам да укажам и сакам сите да го знаат ова: целата групација Вагнер беше целосно финансирана од државата. Од Министерството за одбрана, од државниот буџет, ние целосно ја финансиравме оваа групација, рече рускиот претседател Владимир Путин во денешниот говор.
Според неговите зборови, од мај 2022 година до мај 2023 година, властите на Вагнер му платиле 86,262 милијарди рубљи, односно околу една милијарда евра.
– Се надевам дека никој ништо не украл или дека не било многу, тоа ќе го разјасниме – додаде рускиот лидер.
Да потсетиме дека руската влада долго време негираше дека има некаква врска со Вагнер.