Раперката Савити на забавата на Џеј Зи по доделувањето на Оскарите се појави во фустан со ризично деколте во кој случајно ги покажа голите гради пред насобраните папараци.
Американскиот рапер во подем, 28-годишната Дијамонте Квијава Валентин Харпер, попозната по нејзиното уметничко име Савити, присуствуваше на Оскарите во одбрано друштво на забавата што традиционално во Холивуд ја организираше легендарниот музичар Елтон Џон.
За таа прилика Савити облекла фустан кој се состоел од само неколку прерамки на горниот дел и во кој едвај го задржала раскошното деколте, но тоа не било нејзиното најголо издание на вечерта.
За забавата што ја организираше Џеј Зи по Оскарите, таа се појави во фустан со отвор до папокот и високи шлицови на дното, во кој при пристигнувањето покажа повеќе отколку што планираше.
Ризичното деколте во еден момент се раствори и ѝ никнаа голите гради, а собраните папараци спремно го дочекаа нејзиниот незгоден момент и го овековечија на фотографии.
Истиот фустан раперката го носеше на гала вечерата на магазинот Vanity Fair, трет настан на кој се појави таа вечер, а таму успеа да го задржи на своето место.
Инаку, Савити го издаде својот деби-сингл „Icy Grl“ во 2018 година, кој веднаш стана хит и ѝ донесе договор со Artistry Worldwide, подружница на Warner Records.