Артан Груби го приватизира министерството, наместо по компетенции вработува роднини. Со одлука на Груби од 21.03.2022 година на работно место самостоен референт за стратешко планирање, креирање на политики и следење, во Одделение за стратешко планирање, креирање на политики и следење е вработен Сезар Груби, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова е директен непотизам, и во спротивност со Законот за спречување на корупција. Во министерството каде Артан Груби е министер, со негов потпис, се вработува неговиот роднина? ДКСК веднаш да го испита случајот и да се поништи одлуката за вработување. Груби, е синоним за тоа како врвот на ДУИ ги злоупотребува институциите за вработување на своите блиски луѓе“, порачаа од редовите на опозициската партија.