More

    Се зајакнува обезбедувањето на источното крило на НАТО

    spot_img

    Германија планира да стационира дополнителни 4.000 војници во Литванија за да помогне во обезбедувањето на источното крило на НАТО, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

    – Германија е подготвена трајно да стационира силна бригада во Литванија. Неопходно е да се изградат капацитети за сместување на војниците, рече Писториус во Вилнус, главниот град на Литванија.

    Литванија повеќе пати ја повика Германија да распореди борбени сили во земјата, која се граничи со руската енклава Калининград. Германија во јуни минатата година вети дека ќе има бригада целосно подготвена да ја брани Литванија во случај на напад.

    Но, Берлин досега се спротивставуваше на трајно стационирање на поголемиот дел од бригадата во Литванија, инсистирајќи на тоа дека војниците може брзо да бидат распоредени од базите во Германија.

    Во малиот град Рукли во Литванија моментално има само командно место на бригадата со околу 20 германски војници. Останатиот дел останува на различни локации во Германија. Други германски сили се во Литванија како дел од борбената група на НАТО предводена од Германија.

     

    Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека прекинатиот бунт на платеничката група „Вагнер“ во Русија покажува дека Москва направила стратешка грешка со започнувањето војна против Украина.

    – Настаните од викендот се внатрешно руско прашање и уште една демонстрација на големата стратешка грешка што ја направи претседателот Владимир Путин со нелегалната анексија на Крим и војната против Украина, изјави Столтенберг за време на Вилнус.

    Тој исто така ја истакна и важноста на поддршката од НАТО за Украина.

    – Додека Русија ја продолжува својата офанзива, уште поважно е да ја продолжиме нашата поддршка за Украина, додаде генералниот секретар на НАТО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img