More

    Вучиќ вели „тој знае дека ЗСО мора да биде во согласност со потпишаното“

    spot_img

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, говорејќи за кризата на Косово, оцени дека на клучните актери на Запад им е јасно дека Курти е виновен и оти не се согласува со тоа дека е достигнат врвот на ескалацијата, и дека Курти не сака ЗСО, туку сака војна, јави дописникот на МИА од Белград.

    – Некои не ја разбираат реалноста, мислат дека е доволно секогаш да ја обвинуваат српската држава за недоволно силен пристап. Курти нема да запре. Нема да има ЗСО, оваква или онакво. Никакво не сака. А тој знае дека ЗСО мора да биде во согласност со принципите што ги парафиравме Иса Мустафа и јас. Не сакаат да прифатат никаков принцип – рече Вучиќ на ТВ Пинк.

    Тој истакна дека Курти сака војна „затоа што сака да биде воен лидер“, сè она што тој би сакал да го избегне.

    -И сега сака да не вовлече во конфликт и со НАТО – рече Вучиќ.

    Зборувајќи за уапсените косовски полицајци, тој рече дека не верува оти е можно тие да поминат без обвинение, но дека определувањето на притвор секако е работа на надлежните органи.

    Тој кажа дека овој случај се користи за жестока кампања против Белград и повтори дека припадниците на косовската полиција биле уапсени на територијата на централна Србија.

    Вучиќ посочи дека српската војска е многу посилна од КБС, но дека тие се повеќе се опремуваат и вооружуваат, и дека Турција ги вооружува.

    – Одбивме да купиме Барјактар (турски беспилотни летала), бидејќи ги дадоа на Приштина. Нема да соработуваме со нив на тој начин. Неодамна пристигнаа кинески беспилотни летала, CH-90 и нив ги набавуваме и понатаму. За пет месеци ќе добиеме 1.000 беспилотни летала камикази што ги нарачавме на Блискиот исток, за да го одвратиме потенцијалниот агресор – рече тој.

    Српскиот претседател рече и дека не е точно дека Американците мислат за Србија на ист начин како во деведесеттите, туку наведе дека тие имаат многу подобар став. Сепак, тој додаде дека тие сметаат дека ставот за Косово е одвоен од тоа, но дека Србија го мисли спротивното.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img