More

    Обама: Индикативно дека подморницата е вест на денот, а не 700 удавени мигранти

    spot_img

    Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, медиумското известување за потонувањето на подморницата Титан го спореди со веста за стотиците мигранти кои се удавија откако нивниот брод се превртел во Средоземното Море.

    Во интервју за Си-Ен-Ен, Обама зборуваше за, како што рече, „економскиот аспект на демократијата“ на кој мора да се обрне внимание, а како проблем ја наведе „срамната нееднаквост“.

    „Во моментов имаме 24-часовно медиумско покривање на подморница која трагично е изгубена на дното на морето. Во исто време, имавме 700 мртви луѓе на брегот на Грција, мигранти кои очигледно некој ги прокриумчарил. И тоа беше во вестите, но не беше толку доминантно“, рече Обама.

    Поранешниот американски претседател смета дека тоа покажува колку различни луѓе имаат различни шанси во животот.

    „Многу е тешко да се одржи демократијата кога имате огромна концентрација на богатство“, рече тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img