More

    Комбе во движење се запали кај Радовиш

    spot_img

    Комбе марка „форд“со тетовски регистарски таблички се запали во движење на експресниот пат Радовиш-Штип, во близина на крстосницата за Рудникот „Бучим“.

    Според информацијата на портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, запалувањето на возилото било пријавени во Полициската станица Радовиш во 19:30 часот.

    – Пожарот го изгаснале пожарникарите од Радовиш, а екипа на полицијата врши увид на местото на незгодата. Во пожарот нема повредени и загинати – изјави Трајанова за МИА.

    Заради пожарот се создадоа подолги колони возила од двете страни на патот, а по интервенцијата на пожарникарите нормализиран е сообраќајот, кој извесно време се пренасочуваше по регионалниот пат кон Штип.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img