Вонреден инспекциски надзор откако двегодишно дете излегло само од градинката „Детска радост“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за труд и социјална политика во врска со настанот за наводно исчезнување на дете од градинката „Детска Радост“ во општина Гази Баба информира дека е контактирано со директорката на градинката и дека на негувателката и е издадена писмена опомена.

– Министерството за труд и социјална политика во врска со настанот за кои пишуваат медиумите, за наводно исчезнување на дете од ЈОУДГ „Детска Радост“, Општина Гази Баба, а во насока на целосна и точна информација и расветлување за настанот, информира дека е запознаено со случајот и од комуникацијата со директорката на предучилишната установа, информираме дека истата изјави дека веднаш по дознавањето на настанот ги повикала одговорните вработени и раководителката на објектот „Темјанушка“ при што било изјавено дека детето било излезено во дворот на градинката и вратено веднаш од родител во згрижувачката група – наведува МТСП во денешното соопштение.

Согласно ингеренциите на директорката на градинката, како што е посочено во соопштението, веднаш бил повикан стручниот тим, инволвираните вработени и раководителката на објектот.

– Следствено на извршениот разговор веднаш на вработената негователка од групата каде престојувало детето и е издадена писмена опомена, а веќе е формирана и Комисија за утврдување на дисциплинска одговорност за инволвираните вработени и одговорни за згрижување на детето – велат од МТСП.

Оттаму посочуваат дека инспекциските служби на МТСП ќе извршат вонреден инспекциски надзор согласно нивните ингеренции, за утврдување на фактичката состојба за настанот.

Фото: BBC

Share This Article