More

    Блинкен: Мило Ѓукановиќ одигра суштинска улога во мирниот трансфер на власта

    spot_img

    Поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, одигра суштинска улога во мирниот трансфер на власта по неодамнешните претседателски избори, што е печат на демократијата, изјави државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.

    Тој испрати писмо до Ѓукановиќ, во кое му се заблагодарува за децениската работа на подобрување на евроатлантските интеграции на Црна Гора.

    Блинкен изјавил дека Ѓукановиќ како претседател и премиер ја водел земјата до членство во НАТО и иницирање на процесот за пристапување во Европската унија, пренесува РТЦГ.

    „По неодамнешните претседателски избори одигравте суштинска улога во мирниот трансфер на власта – што е белег на демократијата. Ви благодариме за вашето водство и работа“, напиша Блинкен.

    Тој рече дека со нетрпение го очекува континуираниот ангажман, додавајќи дека ја цени непоколебливата поддршка на Ѓукановиќ за евроатлантскиот напредок на Црна Гора, жива, мултикултурна демократија и улогата на активен сојузник во НАТО, посветен на завршувањето на реформите неопходни за Пристапување во ЕУ.

    Во писмото Блинкен ги повторил своите изрази на почит кон историското водство на претседателот Ѓукановиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img