Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 34 степени.
Во сабота ќе биде ончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има услови за развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, краткотрајно и во вид на невреме.
Во Скопје сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
Според прогнозата на УХМР и во недела ќе има промена на времето, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и пад на температурата за неколку степени.