Што им раскажала на полицајците љубовницата на сопругот на Николина Пишек

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Откако Николина Пишек го потврди она за што се зборуваше од денот на смртта на нејзиниот сопруг, дека Видое Ристовиќ починал во станот на неговата љубовница, бурата не стивнува.

Нејзиниот свекор Виктор Ристовиќ, попознат како Миша Гроф, се уште тврди дека тоа не е вистина, туку дека Видое кобната вечер бил на масажа. Покрај тоа, тој се заканил дека ќе објави тефтер со имињата на мажите со кои водителката наводно го изневерувала Видое.

Меѓутоа, како што неофицијално дознава српски „Курир“, Д. Б., девојката која била со сопругот на Николина кога тој починал на 8 мај минатата година на 44-годишна возраст, во текот на истрагата во полиција изјавила дека се познавале една година и дека имале секс таа вечер.

„Таа девојка е сослушана на лице место. Таа рече дека по професија е физиотерапевт и дека со Видое се познава околу една година. Таа навела дека тој е во брак со Николина Пишек. Раскажала дека Видое дошол во нејзиниот стан ден претходно, околу 21 часот и 30 минути и дека и донел фустан за роденден“, раскажал изворот и продолжил:

„На полицајците им рекла дека Видое испил една чаша вотка по што имале секс. Потоа заспал. Во одреден момент, како што раскажала таа, престанал да ‘рчи, што дотогаш не било случај и тоа и станало сомнително. Му пришла да провери дали дише, но открила дека не дава знаци на живот. Тогаш повикала полиција и брза помош“, вели изворот. Таа, како што пишува „Курир“, потоа се јавила на мајката на Видое.

Share This Article