More

    Еве што вели човекот кој пред 50 години бил спасен од слична несреќа

    spot_img

    Британскиот инженер Роберт Малинсон (85) бил извлечен жив од подморницата „Pisces III“ во 1973 година заедно со својот колега по 80 часа поминати заробени во пловилото на морското дно. Тој за Дејли Мејл изјавил дека има многу лошо чувство со подморницата „Титан“ по која трагаат бродовите кај островот Њу Фаундленд во Атлантикот.

    – Не можам да разберам зошто тие не пренесоа некаков сигнал. Имам ужасно чувство дека нешто може сериозно да не е во ред затоа што тие не можат да пренесат сигнал – изјавил Малинсон за потрагата која без здив ја следи целиот свет.

    Малинсон има 85 години, а токму пред 50 години заедно со неговиот сопатник Роџер Чепмен кој тогаш имал само 28 години паднале на дното на Келтското море во близина на брегот на Ирска. Тој изјавил дека тој и неговиот колега се спасени од сигурна смрт 10 часа пред да им снема кислородот.

    До денес, таа останува најуспешната подводна спасувачка мисија досега.

    Во времето на драмата, Малинсон бил на свои 35 години и имал три деца, а неговиот сопатник Чепмен имал само 28 години. Тие влегле во подморницата за да постават телефонски сигнал под вода и успешно ја завршиле работата. Меѓутоа, подморницата „Pisces III“ исчезнала под вода по дефект, а Малинсон тврди дека за тоа е виновна човековата невнимателност.

    – Нуркачот неправилно ги врзал каблите, што предизвикало дефект. Токму кога помисливме дека ја завршивме работата и почнавме да се качуваме на врвот, бродот одеднаш се стресе и падна назад на дното на морето за само 26 секунди! Бевме на длабочина од околу 480 метри – рече Малинсон.

    И покрај ужасниот пад, подморницата била неоштетена, а двочлениот екипаж паднал во мрак.

    – Беше морничаво. Не знаевме што нѐ погоди. Ја исклучивме целата електрична опрема во подморницата за да го намалиме ризикот од пожар. Седевме во темнина, а јас ја зедов тетратката што беше до мене и таму напишав као се чувствувам, како да сум „на дното“.

    Како што додава Малинсон, тој набрзо си го нашол патот во мракот, па заедно со колегата почнале да размислуваат кои се нивните најголеми проблеми.

    – Имавме ниски залихи на кислород и моравме да се погрижиме нивото на јаглерод диоксид да не ја надмине горната граница во садот бидејќи тоа можеше да биде фатално за нас. Беше ужасно студено во бродот, а имавме многу малку храна. Споделивме лименка со лимонада и пиевме млеко во прав. Се плашевме дека ќе заспиеме, бидејќи во тој случај веројатно нема ни да се разбудиме – рече Малинсон.

    Тој потоа истакна дека притисокот на водата на пловилото бил толку силен што во секој момент се плашел дека подморницата нема да преживее. За да се смири себеси, тој си ги повторувал зборовите и отчукувањата на омилените песни во главата, а ги мрдал рацете во ритам за да ја одржи топлината на телото.

    – Спасувачите се обидоа да контактираат со нас, но делфините ги спречија. Сфативме дека имаме кислород 80 часа на дното. За тоа време мораа да нѐ извлечат.

    Во големата спасувачка операција за подморницата „Pisces III“ учествувале неколку бродови. Првите неколку обиди да се спаси екипажот не успеале, а времето истекувало.

    Конечно, по 70 часа во подморницата, Малинсон и Чепмен биле спасени. Малинсон вели дека извлекувањето било драматично и дека се чувствувал како да е во голема мечка која полудела. Кога ги одвлекле до бродот за спасување, биле крајно исцрпени.

    Потоа биле пренесени во болница каде им била укажана лекарска помош.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img