More

    Водителката си ја отвори душата и рече дека е изневерена вдовица

    spot_img

    Хрватската водителка Николина Пишек ги потврди шпекулациите за околностите на смртта на нејзиниот покоен сопруг Видое Ристовиќ. Николина ѝ ја отвори душата пред колешката Татјана Јуриќ и призна дека освен што останала вдовица, била изневерена…

    Сега, една година по неговата смрт, Николина собрала сили да ја извади својата вистина на виделина, па за хрватските медиуми раскажала се што многупати ја прашале, а на кое не сакала да одговори.

    Пред една година хрватската водителка Николина Пишек го загуби сопругот, а во моментот кога ја известиле за неговата смрт била во Загреб со својата ќерка. Видое требало да им се придружи, но тоа не се случи, за жал, тој почина.

    Во подкастот „Skip or Beep“, Николина на водителката, односно колешката, Татјана Јуриќ ѝ ги открила деталите за смртта на нејзиниот сопруг.

    „Ми се јави неговата мајка, тоа беше во раните часови, се случи да не спијам, не знам зошто. Таа ми рече: „Видое умре“, а јас реков: „Добро ли си ти? Што се случува Марија? Едноставно извесно време не можев да го обработам тоа“, раскажала Николина во поткастот.

    Водителката рекла и дека постојано се пишува за смртта на нејзиниот сопруг односно дека се шпекулира дека тој починал во текот на масажа додека бил „врз друга жена“.

    „Па, горе-долу се што е напишано е точно“, признала Николина и додала дека тоа ја изненадило.

    „Бевте верни еден на друг или?“, прашала водителката Татјана.

    „Па јас бев“, одговорила Николина и нагласила дека не знаела дека тој ја изневерувал.

    „Била присутна една женска личност во станот, јас не знам ни како се вика таа жена, не ми е ни важно тоа, но таа призна дека била во некаква врска со него, а мојот свекор сетоа тоа го формулираше како масажа… Се е многу чудно, а здравствениот наод покажа дека умрел од напрегање на срцето“, ракажала Николина.

    Водителката нагласува дека така станала одеднаш и изневерена жена и вдовица, а дека не ја поштедиле ниту медиумите ниту свекорот со кој до денес е во „војна“.

    Не е сигурна дали бракот меѓу неа и ВидоЕ би завршил со развод, но повторно би го избрала својот покоен сопруг, но многу работи од почеток би поставила поинаку. Не се плаши од иднината, не ја продава вилата, не бара ниту нова љубов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img