More

    Пронајдена изгубената берачка на печурки – Потрагата траела цела ноќ

    spot_img

    Жена од село Горно Средорече, охридско, се изгубила од синоќа 20:40 часот и по него е организирана потрага. По целовечерна, тимски комбинирана, потрага во раните утрински часови изгубеното лице е пронајдено во добра здравствена состојба, информира ЦУК.
    Имено, сопругот, кој го пријавил исчезнувањето, информирал дека биле задно да собираат печурки на различни локации низ шумата. Кога требало да се сретнат на договореното место, кај нивниот автомобил, лицето не се појавило. Во потрага по исчезнатото лице била вклучена и единицата за спасување на планина со куче за обучено за пребарување, екипа на полицијата од СВР Охрид, како и мештани од селото, и роднини на исчезнатото лице. Потрагата траела за дел од трагачите до еден часот по полноќ, дел од мештаните и роднините останале на терен. Утрово од 05.00 часот сите екипи излегле на терен, по што за кратко време изгубеното лице било пронајдено, информира ЦУК.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img